Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со пасошите со старото име.
Сличен предлог доаѓа и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име.
За кршењето на правото на глас на граѓаните, реагираше и народниот правобранител, Насер Зибери. Тој апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите.