сабота, 27 јули 2024

Торус попладнево гостува во Белград

Објавено на

часот

Сподели

Скопскиот тим во српската престолнина ја бара втората победа во БИБЛ-лигата

Во салата „Шумице“ се среќаваат два тима што досега остварија само по една победа и имаат три порази, а само романски Темишвар е послаб од нив со скор 1-4. Торус ќе се обиде да започне победничка низа, а гостувањето во соседна Србија е дебитантско за новиот тренер Марјан Србиновски на клупата на „градежниците“.

Србиновски дојде како замена за Слободан Петровски, откако беше сменет од клупата на Работнички по серијата неуспеси со најтрофејниот клуб со Марјан Лазовски. Почетокот на мечот е во 18 часот, а другите мечеви од ова коло се играат следната недела.

Лидер во групата е Галил Гилбоа со максимален ефект 5-0, следат Рилски спортист и Морнар со скор 3-2, ОКК Београд и Торус имаат по 1-3, а Темишвар 1-4. Во втората Б-група, каде игра и шампионот Фени Индустри, Левски е лидер со максимални 5-0, пред Хапоел Тел Авив со 4-1, Фени и Напредак имаат по 3-2, Улцињ 1-4, а Зрињски 0-5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ