среда, 19 март 2025

Торонто: Најмалку 12 повредени во престрелка во бар, осомничениот во бегство

Најмалку 12 лица се повредени во престрелка во бар во Торонто, Канада, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е во бегство.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Сите повредени се пренесени во болница, четворица се со повреди кои не се опасни по живот, додека на останатите не е позната тежината на повредите, напиша полицијата на социјалната мрежа Икс.

Полицијата сѐ уште не ги објаснила околностите на овој вооружен напад што се случил во источниот дел на Торонто, најголемиот град во Канада.

Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, ја изрази својата загриженост на мрежата Икс и додаде дека началникот на полицијата и кажал дека се искористени сите потребни ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ