понеделник, 13 мај 2024

Торнадо ја опустоши јужна Кина, пет лица загинаа, 33 се повредени (ВИДЕО)

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа објави дека во невремето се повредени уште 33 лица. „Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Имаше град со големина на кокос што ги проби покривите.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабрика, но ниту една станбена зграда не е уништена. Како што јави Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа ветер со брзина од повеќе од 20 метри во секунда (72 километри на час). Пред само една недела, обилни дождови го погодија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица, а беа принудени да се евакуираат над 100.000 жители.

Во Гуангжу живеат над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ