сабота, 19 октомври 2024
Царинска управа

Торбата со 359 ленти трамадол шверцерот ја фрлил преку ограда, неуспешно (ВИДЕО)

Мобилен тим спречи шверц на 3.590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, соопшти Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

Од царината велат дека во моментот кога автобусот бил ставен на мобилен скенер, откако секој од патниците својот багаж морал да го извади од автобусот, патникот мислејќи дека нема да биде забелажн, торбата со апчињата ја фрли преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Но, еден од инспекторите тоа го забележал па во торбата, во ракавите од блузи, во ногавките од фармерки, како и во чораши, биле откриени вкупно 359 ленти со по десет апчиња дорета коишто содржат 75 мг трамадол хидрохлорид.

„Случајот е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава, велат од Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ