петок, 26 јули 2024

Топурија со нокаут го победи Волкановски и му го зема шампионскиот појас (ВИДЕО)

Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски веќе не е актулен шампион откако го загуби мечот против Илија Топурија во Анахајм, Калифорнија.

Објавено на

часот

Сподели

Во првата рунда Волкановски беше за нијанса подобар иако тоа беше израмнета борба. Се чинеше дека тој ја има контролата и во втората рунда, но еден неочекуван напад на Топурија со неколку прецизни удари значеше крај на мечот.

Волкановски претходно загуби двапати од Махачев, но тоа беше во друга дивизија, во оваа перолесна категорија каде што беше шампион сега е поразен од Топурија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ