сабота, 27 јули 2024

Топлотен бран во Грција и Турција, температурите ќе растат до 45 Целзиусови степени

Топлиот воздух над северна Африка и централниот Медитеран се пробива кон исток, па од денес до петок во Грција и Турција на места ќе предизвикаат пораст на температурите до 45 Целзиусови степени, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Највисоки температури се очекуваат во среда и четврток, а за време на викендот треба да се намалуваат, прогнозира грчката метеоролошка служба.

Од денес училиштата во делови од земјата или се затвораат во 11:30 часот или ќе останат целосно затворени ако локалните општини одлучат дека е претопло.

Грчкото министерство за труд ги повика луѓето во јавниот и приватниот сектор ако е можно да работат од дома.

За бројните туристи кои во моментов се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде персонал дели бесплатна вода.

На луѓето им се советува да избегнуваат излегување надвор во жешките попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат интензивно вежбање на отворено.

Многу градови и општини во Грција отвораат јавни, климатизирани згради во кои можат да најдат засолниште бездомниците, луѓето во нужда или луѓе кои дома немаат клима уред.

Турската метеоролошка служба исто така предупреди на топлотен бран, кој особено ќе го погоди западот на земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 Целзиусови степени.

Се советува избегнување престој на отворено во времето од 11 до 16 часот, особено на постарите лица, децата и хронично болните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ