Поради војната во Украина, топката на финалето од Лигата на шампионите ќе биде со натпис „мир“. По натпреварот топката ќе биде понудена на аукција, а собраните средства ќе одат во хуманитарна акција за бегалците од Украина.
„Топката со која ќе се игра финалето од Лигата на шампионите по мечот ќе биде понудена на аукција, а целиот приход ќе оди во Високата комисија на ОН за бегалци (УНХЦР) за да се обезбеди заштита и помош на бегалците кои се принудени да ги напуштат своите домови“, се вели во соопштението на Адидас.
Финалето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра во сабота од 21 часот.
The 2022 Champions League final match ball ? pic.twitter.com/bkqfyS3ZfI
— B/R Football (@brfootball) May 24, 2022
THE CHAAAAAAAAAMPIONS??
We proudly present the official match ball for the final of the UEFA @ChampionsLeague. pic.twitter.com/3lMQOwM5Q2
— adidas Football (@adidasfootball) May 24, 2022