понеделник, 30 декември 2024
УЕФА по три месеци призна дека Германија била оштетена против Шпанија

Тони Крос се мајтапи со УЕФА: Дали сега можам да кажам дека сум Европски шампион?

УЕФА синоќа призна дека на Европското првенство е направена голема грешка, кога по ударот на Мусиала со рака играше Кукуреља, но не беше досуден пенал, па Тони Крос веднаш излезе со ироничен коментар.

Објавено на

часот

Сподели

На пресметката помеѓу Германија и Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство имаше контроверзен момент, по еден удар на Мусиала со рака играше Кукуреља.

Сепак, судијата Ентони Тејлор не се огласи, не беше корегиран ниту од ВАР собата, а во продолжението од мечот, „црвената фурија“ постигна гол, продолжи понатаму и потоа стана шампион на Европа.

УЕФА синоќа призна дека е направена грешка, па Тони Крос веднаш излезе со ироничен коментар.

„Им требаше три месеци да сфатат дека е рака, кога сите ние знаевме по само една секунда. Ви благодарам, ништо страшно“ – вели Германецот, за кого Европското првенство беше последен настап пред пензија.

„Дали сега можам да кажам дека сум Европски шампион бидејќи сега излезе официјална потврда? Не би рекол…“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ