сабота, 27 јули 2024

Тони Блер: Косово заслужува да биде во семејството на европските народи

Поранешниот британски премиер Тони Блер по завршувањето на состанокот со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека неговото враќање на Косово е момент на длабоки емоции и дека Косово заслужува да биде во семејството на европските народи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да му оддадам признание на народот на Косово за нивната храброст и решителност во тоа време пред 25 години. Тогаш бев убеден дека тоа е правилното нешто и продолжувам да го мислам тоа, а сега сум уверен дека треба да го поддржиме народот на Косово за иднината да биде во согласност со заслугите на неговиот народ“, кажа Блер.

Османи му се заблагодари на Блер за неговата улога во „ослободувањето на Косово“.

Таа кажа дека Британија, предводена од Блер, заедно со силите на НАТО го спасила народот на Косово „од истребувањето кое го планираше геноцидниот режим на Слободан Милошевиќ“.

Таа истакна дека во деведесеттите години улогата на британскиот премиер во бомбардирањето на НАТО на Косово била одлучувачка „па како што бевте херој на народот на Косово и херој на слободата и демократијата, денес сте и херој на мирот за одлуката во тоа време“.

Блер се сретна и со косовскиот премиер Аљбин Курти и со претседателот на парламентот Глаук Коњуфца и потоа им се обрати на пратениците на косовскиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ