сабота, 19 октомври 2024
ЛЕСНО МОЖЕШЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА НЕ ИГРА ФУДБАЛ СО ГОДИНИ

Тонали ќе се спаси поради една работа, но се очекува да добие потешка казна од таа на Фаџоли

Сандро Тонали е во проблеми поради тоа што се обложувал на Милан, но ќе се спаси поради тоа што уплаќал на победи на „росонерите“ или играл друг тип само кога не бил во составот, но се очекува да добие потешка казна од таа на Николо Фаџоли.

Објавено на

часот

Сподели

Сандро Тонали синоќа дал исказ и пред обвинителот при ФФИ и пред обвинителството од Торино, фудбалерот признал дека не само што се обложувал на фудбал, се обложувал и на натпревари на Милан.

Олеснителна околност е тоа што уплаќал на победи на „росонерите“ или играл друг тип само кога не бил во составот, па не влијаел директно на резултатот и нема да одговара за местење натпревари.

Поради тоа што ќе го призне делото, ќе соработува со властите и ќе прифати да се лечи од зависност и тој ќе добие намалување на казната, но таа ќе биде потешка од онаа што синоќа ја доби Николо Фаџоли.

Се шпекулира дека Сандро Тонали ќе биде суспендиран на една година. Во меѓувреме, се огласија и неговите адвокати и Њукасл.

„Тонали синоќа го посети обвинителството во Торино и даде исказ пред обвинителот Мануела Педрота, исто како што претходно се сретна со обвинителот при ФФИ, Џузепе Кине“ – гласеше соопштението на адвокатите.

„Целосно ја разјасни неговата позиција и целосно соработува со властите. Со оглед на тоа дека истрагата е во тек, не може да се даваат изјави на оваа тема, но се надеваме дека наскоро ќе се изнајде решение на целата ситуација“.

Од таборот на Њукасл пак порачаа: „Њукасл може да потврди дека Сандро Тонали е под истрага за нелегално обложување. Сандро соработува со истражителите и ќе продолжи да го прави тоа. Тој и неговото семејство ја имаат нашата поддршка. Со оглед на тоа дека се работи за истрага во тек, Њукасл и Сандро нема да можат да коментираат на оваа тема“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ