Полиција синоќа упадна во тренинг кампот на Италија за да разговара со Сандро Тонали и Николо Заниоло откако фудбалерите на Њукасл и Астон Вила беа вмешани во скандалот со обложување кој го тресе Калчото изминативе денови.
Како што пишуваат медиумите од „чизмата“, Тонали и Заниоло со солзи во очите признале дека се обложувале на нелегални платформи и ги предале своите телефони и таблети на вештачење.
Сепак тие категорично негирале дека се обложувале на фудбалски натпревари, и се правдале дека играле само покер и блекџек. Исто така, двајцата негирале дека разговарале со Николо Фаџоли за обложување на фудбалски натпревари.
Доколку нема докази за обложување на фудбалски натпревари, тие нема да добијат драконзки казни и ќе поминат многу полесно.