петок, 18 октомври 2024

Тонали доби десет месеци суспензија, го пропушта и Европското првенство

Најавите се остварија, Сандро Тонали доби суспензија од десет месеци поради обложување на фудбалски натпревари, за италијанскиот фудбалер сезоната е завршена.
 

Објавено на

часот

Сподели

Сандро Тонали може да биде задоволен од пресудата иако таа значи дека за него сезоната е завршена, а ќе го пропушти и Европското првенство. 

Фудбалерот на Њукасл доби десет месеци суспензија која почнува веднаш, на фудбалот ќе му се врати на 24. август.

Во периодот додека ќе издржува казната, осум месеци треба да посвети на рехабилитација од обложување.

„Обвинителот при Фудбалската федерација на Италија и Тонали постигнаа договор кој јас веќе го одобрив. Договорот е десет месеци суспензија плус осум месеци активности за рехабилитација и најмалку 16 јавни присуства“, потврди претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.

Претходно фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли доби седум месеци суспензија. Казната за Тонали е поголема затоа што се обложувал и на натпревари на Милан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ