сабота, 27 јули 2024
Херојска партија на македонскиот голман

Томовски: Прекрасно е чувството кога ќе се победи

Мартин Томовски беше еден од главните херои на Македонија во победата над Швајцарија, со 12 одбрани даде клучен придонес за триумфот.

Објавено на

часот

Сподели

По двата порази во првите две кола од Европското првенство, Македонија се крена, одигра одличен меч против Швајцарија и дојде до важен триумф.

„Прекрасно е чувството по победата против Швајцарија. Променивме неколку работи во нападот, но и одбраната. Им честитам на моите колеги и нашата репрезентација за овој триумф кој ни е од големо значење по поразите од Швајцарија и Германија, зашто конечно се издигнавме и покажавме како е да се игра во друго светло со многу емоции. Имаше и тешки периоди на мечот, но најдобро е кога се најдобрите моменти да останеме скромни, а кога има криза да најдеме решение за проблемот. Кој и да беше од нас на голот, Никола, Кизиќ или јас, верувам дека ќе ја завршеше својата работа до крај“, кажа Томовски.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ