сабота, 27 јули 2024

Томовски: Mеркитe на Владата за поткуп пред избори

Објавено на

часот

Сподели

„Со овој пакет на мерки Владата и официјално признава дека владее огромна сиромаштија, дека пензионерите и голем број на семејства се доведени до работ на егзистенција. Суштината и главната поента е што Владата троши 2 милијарди евра за градба на коридори преку фирми на ДУИ и СДС, троши тешки милиони евра за копање во РЕК Битола и компаниите и бизнисите на власта работат одлично, а ваму, за народот даваат по 500 и 1.000 денари за да помогнат. Тој поткуп кој оваа власт го вика помош од 500 и 1.000 денари не вредат ништо кога инфлацијата е двоцифрена, кога сите производи за мала потрошувачка по продавниците вртоглаво растат, кога храната е поскапена за 200% и затоа оваа власт го потценува народот со овој поткуп. 

Милиони за тендери и полнење на џебовите на власта, 1000-ка и 500 денари за народот. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600.000 луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80.000 граѓани, а со 150 денари 600.000 граѓани и на крај една порака до сите граѓани, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори. Важно е оваа неспособна и криминална власт да се промени“, изјави Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ