четврток, 26 декември 2024

Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила

Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да воспоставуваме некаков ред треба сите од нас поединечно да ги почитуваме тие закони, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски на вчерашното гостување на TВ МРТ1 во емисијата „360 степени“.

Објавено на

часот

Сподели

Томовски истакна дека една од главните пораки која сака да се испрати со промена на таблички на возилата во државна и општинска сопственост е да престане злоупотребата на истите за свои лични цели, како што беше пракса во минатото од одредени функционери.

„Во координација со сите членови на работната група, утврдивме да одиме со позадина на црвена боја и букви и бројки со жолта боја. Се одлучивме за овие бои затоа што се помаркантни и нема да може да се одбегнува од јавноста, така што  сметам дека и бојата е соодветна“, дециден беше Томовски.

Тој посочи дека она што е клучно е и самата јавност да може да врши мониторинг, притоа јасно истакна дека доколку постои злоупотреба ќе следува одговорност.

„Поентата е и јавноста да биде надзор. Каде, кога и за што се возат службени возила. Сакаме да отвориме телефонски линии и маил, каде што граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреба на тие возила и да се даде насока на сите институции каде ќе се затекне злоупотреба да постапат соодветно. Дали тоа ќе биде дисциплинска или ред други работи кои произлегуваат од прекршување, односно злоупотреба и на тој начин со законски измени да може да се утврди и казна за злоупотребата“, заклучи Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ