сабота, 27 јули 2024
Изјава

Томовски: Граѓани ни предочија 18.324 проблеми, ВМРО-ДПМНЕ како власт ќе пристапи да ги решава

Објавено на

часот

Сподели

„Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше работен состанок во кој што оствари средба со 19-те тим лидери кои беа присутни 6 недели на терен и кои ги посетија овие 709 населени места.

На состанокот беа разгледани мислењата и критиките кои ги даваат граѓаните.

Се разработуваат решенија за посочените проблеми, најголемиот дел од проблемите зависат од централната власт, и бараат сериозен пристап од владата за решавање на истите. Секако дека многу е важно и мислењето кое го имаат граѓаните за нашата работа и начинот на кој може да се подобриме за уште поголема грижа.

Во наредниот период претседателот Мицкоски ќе посети дел од местата каде што е побарано неговото присуство и изворно ќе се запознае со работите кои ги мачат граѓаните.

Веруваме дека голем дел од работите кои се посочени како проблем зависат од централната власт, но и не веруваме дека власта има капацитет да ги реши. ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи детален план и начин за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, изјави Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ