Тухел мора да ги добие следните три натпревари во Бундеслигата и да го елиминира Лацио од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Ова значи дека иднината на Тухел зависи и од двајца македонски фудбалери затоа што Баерн утре му гостува на Бохум на Агон Елези, а следниот викенд го пречекува Лајпциг на Елиф Елмас.
После овие два дуели гостува кај Фрајбург, па доаѓа реваншот против Лацио кој се игра на 5 март.