Синоќешните натпревари во Купот на Германија донесоа голема сензација, третолигашот Сарбрикен со гол во 96. минута го елиминираше Баерн Минхен.
По последниот свиреж, Томас Милер распали по своите соиграчи, но замерките не беа за играта, туку за тоа што се сокрија по шокантниот пораз и заминаа право во соблекувална, наместо да се појават пред навивачите.
„Вообичаено на навивачите најважен им е резултатот од натпреварот и понекогаш можете да изгубите. Но морам да се сложам со навивачте за една работа, неприфатиливо е само тројца или четворица фудбалери да знаат како да покажат почит кон фановите“ – вели Томас Милер, кој беше еден од малкумината (заедно со Кимих, Сане, Тел и Сар) кои ги слушнаа забелешките.
„Тие патуваа стотици километри среде недела да ни дадат поддршка. Па можеме и ние нешто да им дадеме за возврат. И тоа не подразбира само аплауз или пеење песни, треба да им се покаже почит. На оваа тема имаме еднаш разговарано во соблекувалната. Во иднина ќе се прикажеме во друго светло. Ова е неприфатливо“.
За шокантниот пораз напаѓачот рече: „Има многу причини, но мораме да му честитаме на Сарбрикен за борбата која ја пружи, ние не бевме доволно итри. Примивме гол од контра длабоко во судиското надоплнување, а претходно имавме многу шанси кои не ги искористивме. Бевме далеку супериорни во второто полувреме но погрешивме многу работи“.
„Елиминација во второто коло во Купот на Германија неколку години во низа не е нешто што сакаме. Нашите навивачи со право се бесни и разочарани“.