сабота, 27 јули 2024

Том Круз си ќари Бонд-девојка

Објавено на

часот

Сподели

Украинката Олга Кириленко по гушкањето со Даниел Крег во Бонд-филмот „Трошка утеха“ сега ќе стане предмет на љубовниот интерес на Том Круз.

Списанието Варајети објави дека убавата актерка ќе глуми во филмот „Хоризонти“ во режија на Џозеф Козински, кој се потпиша и на „Трон: наследство“.

Кириленко ја добила улогата откако од неа се откажала глумицата Џесика Честеин, која одбрала да глуми во новиот филм на Кетрин Бигелоу за смртта на Осама Бин Ладен.

Научнофантастичниот трилер ќе биде сместен во апокалиптичната иднина на Земјата по инвазија од вонземјани. На Том Круз и Олга Кириленко ќе им се придружи и глумицата Андреа Рајзенборо, во централниот љубовен триаголник на приказната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ