сабота, 27 јули 2024

Толпа луѓе на погребот на иранскиот претседател (ФОТО+ВИДЕО)

Во Иран почна првата од неколкуте планирани погребни церемонии на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и другите жртви од хеликоптерската несреќа во неделата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници поддржувачи поитаа на церемонија во северозападниот ирански град Табриз за да се простат од жртвите, објавија државните медиуми. Табриз е главен град на иранската провинција Источен Азербејџан, каде што се случи несреќата.

На видеата споделени од иранските новински агенции се гледаат толпи луѓе под облачно небо и отворен камион што ги превезува ковчезите украсени со цвеќиња и полека се движи низ улиците.

Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА

Толпата се насобра околу камионот, а луѓето се обидуваа да ги стават рацете на ковчегот на Раиси и другите жртви.

Според новинската агенција Тасним, во толпата бил и министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

Планирани се дополнителни церемонии на жалост во верскиот центар градот Ком, како и во главниот град Техеран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ