сабота, 27 јули 2024

Толку требаше: билетите сега се нудат под цена

Објавено на

часот

Сподели

Така, одеднаш Фејсбук и интернет-форумите се преплавија со постови за билети под цена. Така, за наредните два натпревари два блок-билети сега се нудат за дваесетина евра, со тенденција цената да падне уште повеќе.

А пред само три дена, во Ниш, цената за билет со Чешка беше 100 евра за само еден натпревар, но сега работата крена наопаку – македонските навивачи како да немаат желба повторно да патуваат до Белград.

Сепак, математиката вели дека не е сè загубено. Можеби по една проспиена ноќ ќе се премислат тие што однапред решија да се откажат од купените билети и в понеделник и среда повторно ќе се најдат на трибините на белградска „Арена“ и со сиот глас ќе ги бодрат нашите ракометни јунаци. Ако не, тогаш сигурно има други спортски вљубеници што имаат поголема верба во Кире Лазаров и неговите соиграчи, кои ќе им ги откупат билетите и кои на ракометарите ќе им ја дадат потребната поддршка во дуелите со Полска и со Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ