петок, 27 декември 2024

Токсичен смог во Индија го покри Таџ Махал, одложени летовите во Њу Делхи (ФОТО)

Токсичниот смог денеска предизвика доцнење на летовите на аеродромот во Њу Делхи, а апликацијата за следење летови Флајтрадар24 покажува дека 88 отсто од полетувањата и 54 отсто од пристигнувањата се одложени, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните лица за густиот смог, кој ја намали видливоста на меѓународниот аеродром на 300 метри, го обвинија високото ниво на загадување, во комбинација со влажноста и намалениот ветер.

Смогот го покри и познатиот индиски споменик на љубовта, Таџ Махал во градот Агра, како и најсветото светилиште на сикизмот, Златниот храм во Амритсар.

Градот Лахоре во соседен Пакистан веќе неколку дена по ред е рангиран како најзагаден град во светот од страна на сајтот за мерење на загаденоста на воздухот Ај-кју ер.

Според мерењата на тој сајт, Њу Делхи моментално е на второто место во светот по загадување на воздухот, кое е во категоријата „опасни“.

Индиското Министерство за наука објави дека се очекува загадувањето во Њу Делхи да остане во категоријата „опасно“ и утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ