сабота, 27 јули 2024

Токсичен облак чад над Берлин: Пожар избувна во фабрика (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во фабрика во Берлин во општината Лихтерфелд, пожарникарите предупредуваат дека токсичен чад се шири низ градот. Според првичните информации, четирикатницата била целосно изгорена.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме да потврдиме дека во зградата горат хемикалии, таму се чуваат сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чадот. Во моментов дежураат 130 пожарникари. Противпожарната служба го информирала населението преку апликацијата за тревога. Спасувачите носат заштитни одела“, изјавија пожарникарите од местото на настанот.

По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, димните гасови од фабриката се движеле во северен правец.

Пожарникарите советуваат да се избегнува просторот околу деловните објекти, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.

„Зградата сега е целосно изгорена на сите четири ката. Дел од зградата веќе се сруши. Ја чистиме само надворешноста. Пожарот повеќе не може да се држи под контрола одвнатре“, изјави за Билд, Адријан Венцел, портпарол на противпожарната служба во Берлин, кој моментално е на местото на настанот.

Берлин издаде официјално предупредување со кое ги советува луѓето да ја избегнуваат областа.

Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.

Засега нема информации за повредени лица или за причините за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ