сабота, 27 јули 2024
Премиерот за видеото на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Тој што патува со стар дипломатски пасош веднаш да биде разрешен, рече Џафери

Тој што патува со дипломатски пасош со старото име на државата треба да биде веднаш разрешен, рече премиерот Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање како го коментира видеото на кое двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја преминаа македонската граница на излез од земајва покажувајќи ги дипломатските пасоши откако не им бил дозволен излез со обичен стар македонски пасош.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан дали тие што имаат дипломатски пасош со старото име се привилегирани во моментов, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков без проблем ја минаа македонско-бугарската граница, Џафери рече дека тој што патува со дипломатски пасош со старото име треба да биде разрешен веднаш. Разрешување односно одземање на мандат на пратеник, посочи, може само во случаи и на начин утврдени со Уставот, законите и деловникот на Собранието.

„Тоа е во делот на лажните вести. Дипломатски пасош со старото име не може да дава никој. Баш би сакал да видам кој е тој дипломат што патува со дипломатски пасош со старото име и да биде разрешен веднаш“, рече Џафери.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на својот твитер профил објави видео во кое заедно со неговиот колега Миле Лефков на македонско-бугарската граница најпрво приложуваат пасош со старото име на земјава, а откако не им е дозволен излез од земјава, тие покажуваат дипломатски пасоши, кои исто така се со старото име Република Македонија и без проблем ја напуштаат земјава.

Лефков и Петрушевски повикаа на промена на законот за да се продолжи важноста на патните исправи и порачаа доколку СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за законот со кој ќе се продолжи важноста на патните исправи за сите граѓани во земјава, тогаш етички и морално од нивна страна е да се откажат од дипломатските пасоши, за и тие како што велат, да се сочувствуваат со граѓаните затворени како во конзерва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ