сабота, 27 јули 2024
Со само седум милиони евра трансфер буџет, Португалецот прави чуда

Тоа што Мурињо ѝ го донесе за две години, Рома не можеше да го постигне речиси за еден век

Објавено на

часот

Сподели

Рома има 96 годишна историја, но пред Португалецот само двапати имаа играно во европско финале, тоа беше во 1984 кога во Купот на европските шампиони загубија од Ливерпул и во 1991 година кога во Купот на УЕФА беа поразени од Интер.

Тој успех Мурињо го постигна за две сезони, ја однесе Рома во две европски финалиња и ѝ го донесе првиот европски трофеј со освојувањето на Конференциската лига.

Рома за оваа сезона за трансфери потроши само седум милиони евра со кои го купи Челик, сите останати кои беа потпишани дојдоа или како слободни играчи или на позајмици. Тоа само дополнително зборува за големината на Мурињо и тежината на успехот кој го направи.

Во финалето во Будимпешта, Рома ќе игра против Севиља која дури шест пати победила во Лига Европа и ниту еднаш не загубила финале во ова натпреварување. 

Од друга страна пак, за Мурињо тоа ќе биде шестто европско финале и ниту тој нема пораз. Една перфектна низа ќе биде прекината на 31. мај, останува да видиме дали на Севиља или таа на Португалецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ