сабота, 27 јули 2024

ТМРО: Демакедонизација на државата

Објавено на

часот

Сподели

„Владиното именување на Влаинка за претседателка на Комисијата за уставни измени и Албанец за нејзин заменик, насилното гласање на членовите Албанци и Власи во Судски совет за смена на претседателката Македонка која и покрај тоа што во никој случај не е соодветна за таа позиција е сменета со етнички гласови, преименувањето на булевар во Чаир со име на поранешен претседател на Косово Ибрахим Ругова, фамозниот коридор 8… за нас се директен атак врз Македонците како носители на државотворноста, класичен внатрешен пуч на малцинствата за институционално преземање на власта.

Апелираме до македонскиот народ и освестените Македонци носители на политички функции, до Македонците од најголемата опозициска партија да ја сфатат сериозноста на овој класичен отворен атак врз Македонците и да се застане на патот со национално македонско единство за сочувување на македонскиот карактер на државата“, соопшти ТМРО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ