вторник, 22 октомври 2024

„Тивок убиец“ однесе повеќе од 47.000 животи

Експертите проценуваат дека повеќе од 47.000 луѓе починале како последица на високите температури во Европа во 2023 година, најжешката година досега.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројката е наведена во студија објавена во списанието Натјурал медисин во понеделникот.

Лекарите ја нарекуваат топлината „тивок убиец“ затоа што одзема многу повеќе животи отколку што се мисли.

Сепак, меѓународната истражувачка група предводена од Институтот за глобално здравје во Барселона, исто така, заклучи дека општеството се прилагодило на високите температури.

Според студијата, смртноста во 2023 година би била 80 отсто поголема доколку луѓето не се прилагоделе на зголемените температури во последните дваесет години, објави Гардијан.

Тимот користеше податоци на Евростат за 96 милиони смртни случаи за да процени колку од нив биле поврзани со високите температури во 2023 година во 823 региони од 35 европски земји.

Според проценките, минатата година 47.690 смртни случаи во Европа се поврзани со високите температури. Ова е втора највисока стапка на смртност од почетокот на ваквите мерења во 2015 година, а највисоката стапка е забележана во 2022 година.

Истражувачите откриле дека земјите во јужна Европа имаат највисока стапка на смртност поврзана со високите температури. Грција (393 смртни случаи на милион жители), Бугарија (229), Италија (209) и Шпанија (175) ги зазедоа првите четири места во проценката. За споредба, стапката во Германија беше 76 смртни случаи на милион жители во 2023 година.

Во конкретни бројки, истражувачката група проценува дека во 2023 година бројот на смртни случаи поврзани со високите температури во Италија бил нешто помал од 12.750, а во Германија 6.376 во речиси сите земји кои се проучувале, значително повеќе жени умреле од ефектите на топлината отколку мажи, а особено биле погодени постарите лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ