петок, 13 декември 2024

Тирана: Србија да престане со испраќање војска во близина на границата со Косово, тоа е смешна игра

Министерот за надворешни работи на Албанија Игљи Хасани ја повика Србија да престане со испраќањето војска во близина на границата со Косово, тврдејќи дека тоа е „смешна игра“.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хасани, за време на заедничката прес-конференција во Приштина со косовската колешка Доника Гервала, кажа дека безбедноста на Косово ја гарантира НАТО.

„Апелираме на сите актери и фактори кои живеат во 21 век, повеќе да не испраќаат војска на границата. Никому повеќе не му треба оваа игра, која е смешна бидејќи на сите им е јасно дека најголемата гаранција за интегритетот и суверенитетот на Косово е НАТО“, кажа Хасани.

Србија во текот на 2023 година во неколку наврати ја креваше својата борбена готовност околу границата со Косово, а поради засилените тензии на северот на Косово.

Хасани, кој престојува во прва официјална посета на Косово, зборуваше и за инцидентот во Бањска на северот на Косово на 24 септември минатата година. За време на инцидентот во размена на оган беше убиен еден косовски полицаец, а подоцна беа убиени тројца локални Срби.

Приштина за овој инцидент го обвини Белград, но Србија негираше каква било вмешаност.

Шефот на албанската дипломатија оцени дека одговорните за нападот мора да одговараат „за да се спречи ескалација со неверојатни последици“.

Гервала, пак, ја повика меѓународната заедница да ја санкционира Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ