понеделник, 9 декември 2024

Тинејџерка викнала полиција зашто мајка ѝ имала секс со момчето

Објавено на

часот

Сподели

Петнаесетгодишно девојче среде ноќ викнало полиција и побарало да биде сместено во христијанско засолниште за деца откако слушнала дека мајка ѝ има секс со своето момче, јавува Дејли меил.

Тинејџерката се јавила во полиција во 4 часот наутро минатиот четврток откако се расправала со својата 35-годишна мајка.

Таа на полицајците им кажала дека се почувствувала „непочитувано“.

Таа од полицаецот што пристигнал во нивниот дом во Панама Сити на Флорида побарала да биде одведена од куќата.

Мајката објаснила дека понекогаш го канела своето момче да преспие во куќата и дека тие немале намера да ја разбудат ќерка ѝ, само што собите биле една до друга, а ѕидовите тенки.

Тинејџерката признала дека не била предмет на малтретирање или негрижа, туку била вознемирена од тоа што го слушнала. Таа на крајот решила да остане дома со својата мајка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ