сабота, 27 јули 2024
Австралија

Тинејџерка го свртела автобусот кој ненадејно тргнал да не удри во бензинска пумпа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Изабел Милер, која се качила во автобусот само да разговара со пријателите, истрчала на предниот дел од возилото и го грабнала воланот додека автобусот го минувал патот и се упатил директно кон автомобилите на бензинската пумпа, пишува Гардијан.

„Претпоставувам дека сопирачката попуштила и почна да се движи. Бидејќи се работи за блага надолнина, тој забрза. Но, младата девојка истрча во предниот дел од автобусот, ја притисна сопирачката и го сврте воланот во друга страна“, рече Фејт Питман, вработена на бензинската пумпа.

На снимката од надзорните камери се гледа како луѓе стојат на патот на автобусот пред 14-годишната девојка да го фати воланот. Говорејќи во емисијата Најнс тудеј, Милер истакна дека „сите беа преплашени“. „Никој не презема ништо за да го запре автобусот, па истрчав на предниот дел од автобусот и го скршнав за да не се судри“, рече таа.

„Беше доста страшно да се помисли како нешто лошо можеше да се случи ако не направив ништо“, додаде таа. Потврдила дека еднаш возела автомобил на пасиште, но тврди дека освен тоа нема друго возачко искуство. На видеото се гледа и наставник кој се обидува однадвор да го пренасочи автобусот, но се зависело од Милер.

„Да ја погодеше пумпата, ќе го разнесеше целото место. Како што можете да замислите, можеше да биде катастрофа“, рече Питман. Таа забележа дека возачот на автобусот разговарал со наставникот кога автобусот почнал да се движи. Директорот на средното училиште Трент Греам и градоначалникот Роберт Мастоу ја пофалија тинејџерката за нејзините постапки. Локалната полиција соопшти дека го истражува инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ