недела, 16 март 2025
По страотниот пожар во дискотеката

Тимовите на Институтот за судска медицина ќе прават обдукција и идентификација на сите починати

Телата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат префрлени во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, потврди за МКД.мк директорот Александар Станков. Овде ќе се прави обдукција за да се утврди причината за смрт за секој поединечно, а потоа ќе се прави идентификација. Вработените обдуценти, односно шест тима по двајца лекари, ќе ги прават обдукциите на сите починати лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Тимовите се подготвени и ќе се прави обдукција врз телата на сите починати лица, а ќе се прави и идентификација. Имаме шест тима по двајца обдуценти и треба да утврдиме причина за смрт кај сите“, изјави директорот Станков.

Идентификација на починатите до сега се правеше преку најдени документи, преку фотографии или препознавање.

Според последните официјални информации, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ