четврток, 12 декември 2024

Тимчо Муцински ќе го бетонизира Лисиче, обвинува СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Парцелите во Лисиче со површина од над 1000 метри квардатни, биле купени од инвеститори, како ниви, пред носењето на урбанистичкиот план. Сомневања за корупција отвораат прашањата како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за згради високи и до 10 ката, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум, на ниви, во дел каде што има куќи. Граѓаните се разочарани, реагираат  поради носењето на планот речиси зад нивниот грб и бараат одговори зошто во Лисиче, каде аерозагаденоста континуирано урива рекорди, ВМРО-ДПМНЕ дозволува да никне висок бетонски појас згради“, реагираат од СДСМ. 

Од таму обвинуваат и дека наместо поквалитетни услови за живот, зеленило и мега паркови, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ добиваат бетонизација и загадување, а градоначалникот Муцунски и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја изиграле довербата на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ