Тиквеш не го заборава Андреј Лазаров кој остави траг во кавадаречкиот тим.
Лазаров загина во ужасниот пожар во Кочани спасувајќи други луѓе.
Тиквеш одлучи во негова чест да го повлече дресот со бројот 16. Тој број веќе нема да го носи ниту еден фудбалер на клубот од Кавадарци
„Неговиот придонес за успесите на нашиот клуб е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, трајно се повлекува и ќе остане во клубските простории како вечен спомен. Ангелите живеат вечно“, соопштија од Тиквеш.