четврток, 16 мај 2024

Тикток предизвик причина за трагичната сообраќајка во Кичево во која загинаа три лица

Причина за трагичната сообраќајна несреќа во Кичево во која загинаа три лица бил т.н. Тикток предизвик, возење во спротивна насока од дозволената, наречен „предизвик ча-ча“, неофицијално дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за еден од бројните налудничави т.н. тикток челенџи, предизвикувајќи ги младите да возат со голема брзина во забранетата насока од улицата, слушајќи ја песната  Чача слајд (Cha Cha Slide“ од DJ Casper) и, се разбира, снимајќи го овој „неверојатен подвиг“.

Од МВР потврдуваат дека голфот возел во спротивната насока од магистралниот пат на влезот во Кичево.

Двете лица во голфот, К.Е. (32) и А.С. (20), двајцата од кичевското село Трапчин Дол, загинале на лице место, а возачот на пежото, возилото кое било на дозволената страна од патот, С.И. (19) починал на пат за болницата во Скопје.

Тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, добиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П. (21) од селото Подвис, кичевско, П.К. (21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото пежо.

A.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ