сабота, 27 јули 2024

Тик-ток: Потенцијалната забрана на апликацијата ќе ја наруши слободата на говор на 170 милиони Американци

Социјалната мрежа Тик-ток тврди дека потенцијалната забрана на апликацијата во САД би ја „погазила слободата на говор“ на 170 милиони Американци, јавува денеска Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата гласаше за забрана на Тик-ток во земјата, освен ако сопственикот на апликацијата не ги прекине врските со Кина.

Во последните месеци, американските власти изразија загриженост за популарноста на Тик-ток меѓу младите луѓе.

Тие тврдат дека сопственикот на Тик-ток, Бајтденс му е подреден на Пекинг, што тој постојано го негира.

Се очекува Сенатот да гласа за нацрт-законот следната недела, а американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ќе го потпише законот.

Ако нацртот стане закон, Бајтденс ќе има девет месеци да го продаде својот удел – со можно продолжување од три месеци, додека продажбата е во тек, или ќе се соочи со забрана.

Портпаролот на Тик-ток го осуди нацрт-законот, велејќи дека „ќе ги наруши правата на слобода на говор на 170 милиони Американци, ќе уништи седум милиони бизниси и ќе ја затвори платформата што придонесува за американската економија со 24 милијарди долари годишно“.

Бајтденс е основана во 2012 година од кинески претприемачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ