понеделник, 9 декември 2024

„Тигрите“ влегоа во затворот во Идризово, се претресуваат ќелиите и се бара дрога

Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегоа во најголемиот затвор во државава. Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје се прават претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија. Како што дознаваме неофицијлано се бара дрога, а и други предмети поврзани со наводна пресметка помеѓу две групи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, соопштија кусо од ОЈО Скопје.

Затворот во Идризово неколку пати до сега бил мета за претреси поради сомнение дека оние кои се зад решетки поради сторен криминал, го продолжуваат ланецот и во затворските ќелии. Во неколку наврати при претресите беа најдени мобилни телефони, дрога, остри предмети, пари…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ