ТИ-Македонија оцени дека 75 отсто од препораките кои се однесуваат за подобрување на условите на работата на граѓанските организации (ГО), како и изготвување на Кодекс на етика за саморегулација на граѓанските организации се исполнети.
Во рамките на овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата, а се дадени и препораки.
ТИ-Македонија, меѓу другото препорачува Владата да ги подобри и да ги направи транспарентни постапките за консултации во врска со политиките со групите граѓански организации, да ги финансира активностите на ГО преку транспарентен и партиципативен процес, ослободен од несоодветно влијание, и да воведе даночни олеснувања за ГО. На граѓанските организации, пак, им се препорачува да се саморегулираат и да изготват Кодекс на етика.