Франција особено поради фактот што игра на домашен терен, важи за еден од фаворитите на Олимписките игри, но почетокот не ветува многу.
Откако доживеаа тежок пораз од Данска, истото им се случи и со друга скандинавска земја, селекцијата на Норвешка.
Норвежаните имаа перфектно прво полувреме кое го добија со 16-10, во вториот дел ја сочуваа високата позитива за победа од 27-22.
Блонз со седум гола беше најефикасен кај Норвешка, во составот на Франција Дика Мем реализираше 10 голови.
Во другите денешни натпревари Шведска ја совлада Шпанија со 29-26, Данска беше подобра од Египет со 30-27, Словенија со 31-29 го доби балканското дерби против Хрватска, а Германија ја декласираше Јапонија со 37-26.