понеделник, 21 октомври 2024
УФЦ 924

Тежок пораз на Волкановски, Махачев победи со нокаут во првата рунда (ВИДЕО)

УФЦ борецот со македонско потекло, Александар Волкановски доживеа тежок пораз од Махачев кој победи уште во првата рунда со импресивен нокаут.
 

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше само три минути, тогаш Махачев упати силен и висок удар со нога во главата на Волкановски, македонскиот борец падна, доби уште една серија удари по што судијата ја прекина борбата.

Ова беше втор пораз на Волкановски од Махачев, по кој Алекс ќе се врати во својата категорија каде што треба да го брани шампионскиот појас.

Пред мечот меѓу Махачев и Волкановски, одлчиен беше дуелот меѓу Камару Усман и Хамзат Чимаев.

Чимаев победи со одлука на судиите, но импресивен беше настапот на Усман кој исто како и Волкановски на овој настан бората ја прифати на неполни две недели пред нејзиното одржување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ