Ден откако Тен Хаг и Мегваер ги добија наградите за најдобри на месецот, Манчестер јунајтед доживеа шок пред своите навивачи.
Манчестер јунајтед одигра очаен меч, кој на крајот можеше да заврши и со поубедлив пораз, но ВАР поништи гол на Борнмут во судиското продолжение.
Мечот го отвори Соланке уште во петтата минута, во вториот дел погодија и Билинг и Сенеси за победа од 3-0.
Во другите мечеви од 16 часот во Премиерлигата, Брајтон и Барнли одиграа нерешено 1-1, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Вулвс и Нотингем форест, Шефилд јунајтед со 1-0 беше подобар од Брентфорд.