сабота, 22 март 2025

Тежок пораз на Лејкерс без Леброн и Дончиќ, но се истакна Брони (ВИДЕО)

Лејкерс речиси со вториот тим го одигра мечот со Милвоки и загуби со убедливи 118-89, тоа го искористи синот на Леброн Џејмс, Брони Џејмс кој ја одигра својата најдобра НБА партија досега.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Леброн Џејмс кој од поодамна е повреден, на мечот не настапија и Дончиќ, Ривс, Фини-Смит…, па кошаркарите на Милвоки не се испотија многу за да дојдат до победата.

Јанис Адетокумбо одигра само 29 минути, во кои постигна 28 поени и беше најдобар стрелец на мечот.

Синот на Леброн, Брони Џејмс доби голема минутажа, одигра безмалку 30 минути што е најмногу досега, оствари личен рекорд со 17 постигнати поени и имаше шут од игра 7/10.

Брони трипи многу критики, речиси сите се едногласни дека само поради неговиот татко игра за Лејкерс, па ова беше добра партија за него да покаже дека сепак има талент со кој може да стане важен играч.

Резултати:

Шарлот – Њујорк 115-98
Индијана – Бруклин 105-99
Голден Стејт – Торонто 117-114
Сакраменто – Чикаго 116-128
ЛА Лејкерс – Милвоки 89-118

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ