понеделник, 9 декември 2024

Тетовската полиција расчистила 52 случаи на семејно насилство

Објавено на

часот

Сподели

„Од вкупниот број, 33 случаи се со нанесување телесни повреди, седум се присилби и 12 за загрозување на сигурноста. Најголем број насилници биле мажи, сопрузи, а пријави за насилство добиле и пет жени“, информираа од тетовската полиција.

„Повеќе од половина од сторителите, поточно 27, се сопрузи, 9 сина, еден татко и еден поранешен сопруг, 10 вонбрачни сопрузи и 8 други.

Во 41 случај причина за овие дела биле душевните растројства, во 10 случаи алкохол. Во 41 случај, исто така, употребена е физичка сила врз жртвите на насилството, а во 8 случаи и ладно оружје“, велат од тетовската полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ