сабота, 27 јули 2024

Тетовската епархија ќе се жали на одлуката за отстранување на крстот на Попова Шапка

Тетовско-гостиварска епархија денеска информираше дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Оттаму најавија дека ќе поднесат жалба на решението на општината.

Објавено на

часот

Сподели

„МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи“, соопштија од Тетовско-гостиварската епархија.

Раководителот на општинскиот инспекторат вчера изјави дека има решение за отстранување на крстот.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, изјави Сулејмани.

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември годинава на земјиште во сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец. На 18 ноември градоначалникот Касами изјави дека согласно новиот урбанистички план верските објекти може да се легализираат .

„На пролет ќе продолжат инвестициите во викенд населбата, ќе се продолжи со отворањето на новиот пат. Согласно новиот урбанистички план тука ќе има туристички ресорт каде што ќе доаѓаат туристи од цела Европа и светот. Во урбанистичкиот план се и црквата и џамијата и се надевам дека ќе се заврши работата и околу легализирањето на верските објекти“, изјави претходно тетовскиот градоначалник, Билал Касами.

Од црковниот одбор при манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка по поставувањето на крстот посочија дека е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ