сабота, 27 јули 2024

Teтовецот Џемаил има 111 години, а сега замина во пензија (ВИДЕО)

Тетовецот Џемаил Рустеми има 111 години и уште продава на пазарот во градот. Но, сега доби социјална пензија, а во бркањето на процедурите му помогна сограѓанинот Флакрон Беџети, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, кој таа вест ја објави на својот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовци го препознаваат Џемаил зашто секој ден доаѓа на пазарот и продава за да обезбеди пари за леб. Вели дека порано се обидел да побара пензија, но му било тешко да се бркаат процедурите, па се откажал, најмногу затоа што му побарале мито.

Џемаил вели дека пости веќе 102 години за Рамазан и оди во џамија.  Дали е најстариот човек во Македонија, па и пошироко?

Куса приказна за него беше направена во октомври.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ