сабота, 27 јули 2024

Тетовец прободен со нож

Во Тетово расправијата меѓу двајца мажи на 36 и 37 години преминала во физички напад и ранување со нож. Тешко повреден е едниот маж кој по пружената помош во тетовската болница бил однесен на скопските клиники.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа околу 21.45 часот, на улица Страшо Пинџур во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Д М.Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица “Илинденска” во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ