сабота, 5 октомври 2024

Тетовец ќе одговара затоа што без дозвола организирал онлајн коцкање

Во тетовски Пирок вчера во 13:45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х. поради сомнение за сторено кривично дело приредување на игри на среќа без лиценца.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

При контролата во неговиот мобилен телефон, соопштија денеска од МВР, било констатирано  дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници.

-„Исто така, пронајдена е листа со играчи кои биле активни, како и баланс на ставен кредит, со баланс сума и достапни кредити, како и пораки на средства за комуникација со барања за надополнување на кредити на платформата. Мобилниот телефон му бил одземен, а тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, се појаснува во соопштението.

Во исто време, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и со Државниот инспекторат за труд, извршиле контрола и во спортската обложувалница во село Пирок, во која работел приведениот, а е сопственост на Е.Ш и И.Ш., двајцата од Тетово. При контролата биле констатирани неправилности во работењето на обложувалницата, за што ќе бидат преземени соодветни мерки од надлежните институции.

„По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ