Според пријавеното, тие усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство. Како што е пријавено, после еден месец телефонски бил известен дека сѐ е средено и платено, а откако се вратил во државата Х.С. не му дал никакви документи со образложение дека се било платено на рака. Исто така, според пријавеното, во имотен лист забележал дека купопродажниот договор бил склучен на 20 септември 2021 година меѓу сопственикот на земјиштето и Х.С. за износ од 3.000 евра. После тоа, според пријавата, тие на нотар се договориле Х.С. да му ги врати парите и да му подари дел од парцелата што сега му припаѓа нему, но тој ниту му ги вратил парите, ниту му го префрлил неговиот дел од парцелата.
Тетовец измамен за 34 илјади евра, ниту му ги вратиле парите ниту ја зел парцелата што ја купил
Вчера во 14 часот во СВР Тетово, 56 – годишник од тетовско село пријавил дека во текот на 2021 година бил измамен од Х.С. при купување на недвижен имот на место викано Шипковичко теќе, сопственост на Ш.И. од село Шипковица, тетовско.
Објавено на
часот