сабота, 26 октомври 2024

Тетовци бараат кривична одговорност за обвинителите и политичарите виновни за модуларната болница во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„За пет години имаме четири трагедии, 97 жртви и нула дена затвор. Затоа довербата во правосудниот систем на оваа држава е нула. Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендери без критериуми. Се виде дека корупцијата убива. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружување кои ја држат државата во заложништво“, истакна Елмедина Абдулахи.

Од иницијативата побараа Владата да реагира.

„Бараме Владата веднаш да го разреши јавниот обвинител Љубомир Јовески и тој заедно со другите обвинители инволвирани во оваа монструозно дело да одговараат кривично. Бараме да се судат и казнат вистинските виновници, вклучително и политичарите кои спротивно на законот го доделија тендерот за изградба на фирмата Брако. Нема правда, нема мир“, посочи Елмедина Абдулахи во барањата.

Граѓаните носеа натписи со различни пароли, преку кои се бараше да има соодветна правда.

„Без да се среди судството во својата содржина држава нема да има во Македонија. Секој ден може да протестираме, но ова нека биде почеток цела Македонија да реагира. Се случило во Тетово, може да се случи секаде. На никого не го интересира што се случува со народот. А народот ги вработува тие горе. Апел до сите да се отрезнат и сè тоа тоа треба од почетокот. Оваа држава треба да се среди или ќе ја нема. Не дека ќе ја нема од нас, туку од тие што ја водат“, изјави граѓанин, учесник на собирот.

Присутните на протестот ги оставија натписите и паролите залепени или закачени на зградата од судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ