недела, 26 мај 2024

Тесла отпушта 10% од работниците

Тесла ќе отпушти 10 отсто од својата глобална работна сила, порача Илон Маск, извршниот директор на компанијата, преку интерен допис испратен до вработените во неделата, а во кој увид имал Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зимус, вториот по големина производител на автомобили во светот, имаше 140.473 вработени на глобално ниво, од кои над 20.000 луѓе беа во фабриката во Фримонт во Калифорнија. Тоа би значело дека над 14 илјади вработени во Тесла во бројни земји низ светот ќе останат без работа.

Иако во дописот не се наведува точно колку работни места ќе бидат погодени со кратењето или каде, изворот на Ројтерс вели дека некои веќе биле известени за отпуштањата. Две лица запознаени со ова прашање изјавија за Бизнис инсајдер дека некои вработени веќе останале без своите службени мејлови.

„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, наведува Маск во дописот, пренесува Ројтерс.

Тој посочува дека поради ова е направен темелен преглед на организацијата во компанијата и, како што се наведува, е донесена тешка одлука за намалување на бројот на вработени за повеќе од 10 проценти на глобално ниво.

Иако Маск постојано повторува дека нема ништо повеќе што мрази од отпуштања, тој често делел откази во минатото за да ги намали трошоците. Последен пат тоа го направи кратко откако го купи Твитер (сега Икс) во 2022 година, кога отпушти повеќе од половина од работната сила.

Веднаш откако Ројтерс ја објави веста за отпуштањата, акциите на Тесла паднаа повеќе од еден процент.

Бавната транзиција на потрошувачите од традиционалните возила со мотори со внатрешно согорување предизвика пад на акциите на Тесла за околу 31 отсто од почетокот на годината до денес. За разлика од Тесла, акциите на Тојота моторс и Џенерал моторс пораснаа за 45, односно 20 отсто, пишува Ројтерс.

Сепак, освен Тесла, енергетскиот гигант БП, исто така, отпушти повеќе од десет отсто од работната сила во својот бизнис на станици за полнење на електрични возила од истите причини. Обложувањето на брзиот раст на комерцијалните електрични возила не е профитабилно, односно побарувачката за нив е значително забавена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ